Пендаровски: Според извештајот на СЗО короната во Европа се намалува, но расте во светот

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање истакна дека мора да се најдат начини да се функционира во време на епидемија, како и дека е нормално да се очекува понизок одзив на гласачите за време на парламентаени избори.

-Комисијата за заразни болести ќе и помогне на ДИК за носење протоколи за луѓето да гласаат безбедно, можно е продолжување на гласањето до 22 часот навечер. Имаше избори на самиот почеток на пандемијата во Франција, но во првиот круг одзвиот беше за 25 отсто понизок. Не можеме да очекуваме одзвив како во други времиња, но ни требаат функционални институции. Во Европа нема земја со техничка влада во период на пандемија.

Се додека нема вакцина ќе размислуваме како да ги организираме и локалните избори. Ситуацијата е уникатна и проблематично е што короната не си заминува. Не сум експерт, но извештајот на СЗО вели дека короната Европа се намалува, а расте во светот, рече Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот