Пендаровски со сопругата садеше зимзелени, овошни и листопадни дрвја

Во „Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” се одржа настан за зазеленување на училишниот двор, под покровителство на претседателот на Република Северна Македoнија, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска заедно со децата од Домот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, секретарот  на Општината, Александар Алексовски и директорот на училиштето, Горанчо Јакимов на празната тревна дворна површина засадија повеќе зимзелени, листопадни и овошни дрва.

По ова, претседателот на државата, неговата сопруга и градоначалникот ги посетија просториите на Домот во кои се едуцираат децата. Таму од страна на директорот и стручниот кадар им беа презентирани секојдневните активности на учениците.

Училиштето за деца и младинци со оштетен вид постојано добива поддршка од претедателот Стево Пендаровски и градоначалникот Филип Темелковски.

Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи да ја поддржува работата на сите училишта кои работат со деца со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот