Пендаровски се заложи на зајакната борба против криминалот и корупцијата

Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва на конвенцијата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје упати критики кон опозицијата за нивното владеење претходно, и кажа дека ќе продолжи да биде жесток критичар на криминалот и корупцијата.

„Разликата помеѓу нас и сегашната опозиција е тоа што тие не носат важни одлуки. Немаа ниту една голема стратешка одлука за државата. Горд сум што ги почнавме преговорите со ЕУ после 17 години чекање, и договоривме со ЕУ македонскиот јазик да биде официјален во Унијата“, рече Пендаровски вечерва, кога се обрати до членството за време на Конвенцијата.

Како што рече Пендаровски, немале грешки за стратешките прашања, но за некои други, признава, имале. И тоа за граѓанската револуција „Нема правда, нема мир“.

фото: Слободен печат

„Најголемо потфрлање беше што застанавме на пола пат на граѓанската револуција „Нема правда, нема мир“. Оние кои чуваат предмети во фиока за да ги спасат криминалците, треба да бидат веднаш разрешени и да лежат во затвор. Опозицијата бара ветинг на политичарите. Јас ја поддржувам таа иницијатива, и додавам да го провериме нашиот имот од 1990 година па наваму, па да видиме кој ќе го помине ветингот. Ги осудувам оние кои ги кршат законите. Ако ја добијам довербата, ќе ги третирам сите луѓе на ист начин, без разлика на нивната верска, национална или политичка припадност. Ќе продолжам да го критикувам криминалот и корупцијата, вклучувајќи ги и оние кои гласале за мене“, изјави Пендаровски.

фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот