Пендаровски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Стево Пендаровски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски, кој пред 19 години загина во авионска несреќа во Ротмиље, во близина на Мостар.

Пендаровски положи цвеќе на вечните почивалишта и на загинатите членови на делегацијата Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел” во Скопје .

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот