Пендаровски на средба со делегација од Пацифичкиот Совет од САД: Поддршката од најголемиот стратешки партнер е важна за евроинтеграциите

Пендаровски на средба со делегација од Пацифичкиот Совет од САД/ Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД.

Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, тој на средбата посочил дека поддршката од САД, како најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО и натаму е важна за продолжување на патот на Македонија во ЕУ.

– На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион, се вели во соопштението.

Претставниците на организацијата го информирале Пендаровски за текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот