Пендаровски доби уникатни „Најки“, рачно нацртани од дизајнерот Грабулоски

Пендаровски доби уникатни патики рачно нацртани од дизајнерот Грабулоски/Фото: Кабинет на ПРСМ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката „најки” се специјално изработени за Пендаровски, а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб.

– Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот” што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може да се видат скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од најпознатите споменични обележја во земјава, Македониумот во Крушево, соопштија денеска од Кабинетот на претседателот на државата.

Во обраќање на отворањето, претседателот Пендаровски посочил дека благодарение на семејството Грабулоски, на Лира Грабул и Сатја Грабулoски, може да се видат интимните и детаљни творечки процеси, повеќеслојните наративи, визии, дилеми и перспективи кои се одвивале при уметничкото и архитектонско осмислување на „Македониумот”.

– Споменикот на Илинден во Крушево, познат како Македониум, е несомнено најкомплексното и би се осмелил да кажам, најрепрезентативното скулптурално-архитектонско дело кое е возвишен израз на нашата современа уметност, култура и архитектура, нагласил меѓу другото претседателот Пендаровски.

Изложбата во Кабинетот на претседателот се организира по повод одбележувањето 31 година независност на Македонија и преку неа се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културно-историска ризница.

Изложбата „Зад Македониумот” ќе биде отворена до 30 септември, а посетителите ќе може да ја видат со претходно закажување за влез во претседателската вила, преку платформата Отворен кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот