Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата продолжува напред

Стево Пендаровски, кандидат за претседател, Фото: Фејсбук Пендаровски

На овие избори и на 24 април и на осми мај бројот еден е единствената гаранција дека државата ќе продолжи по патот на интеграција во ЕУ, порача од Бутел претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„А шо нуди главната противкандидатка и нејзината партија? Во однос на преспанскиот договор којшто го постигнавме и влеговме во НАТО, нивната цел е кога ќе дојдат на власт, ако дојдат на власт, не дај боже да дојдат на власт да го поништат договорот и да почнат нови преговори. Кога ќе ги прашате што ви фали во тој договор зошто би го поништувале, зошто наново да почнуваме преговори тие не сакаат да ја видат клучната реченица во тој договор во кој вели има Македонци, има македонски јазик и тие се верификувани на ниво на Обединети Нации, на Европска Унија, на ниво на сите светски организации“ кажа Пендаровски.

Пендаровски потсети и дека Силјановска Давкова ветува амнестија за луѓето кои на 27 април насилно влегоа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници.

„Нивната кандидатка за претседател на државата вели тие сите луѓе ние ќе ги амнестираме првиот ден кога ќе дојдеме на власт. Тоа значи дека ние сме насилниците, а тоа се уставобранителите и патриотите. Не, почитувани пријатели, реалноста и вистината е сосема обратна. Ние се бориме за интересите на Македонија, овде се вистинските патриоти, а таму се оние кои се кочничари на македонската иднина и на иднината на нашите млади генерации“ посочи Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот