Пеле сè уште е во болница по операцијата, но се чувствува добро

Минатата недела Пеле беше опериран од тумор на дебелото црево/ фото: EPA/MARTIAL TREZZINI

Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле се опоравува од операцијата на туморот на дебелото црево и веќе седум дена се наоѓа на интензивна нега. Лекарите порачуваат дека неговото опоравување се одвива според предвиденото.

На 80-годишниот легендарен фудбалер, туморот му е откриен при рутински лекарски преглед, по што веднаш е опериран. Лекарите од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло велат дека Пела опоравувањето на Пеле се одвива според предвиденото, но не прецизираа кога поранешниот фудбалер би можел да биде отпуштен од болница.

Туморот не е единствен проблем со здравјето за Пеле, бидејќи тој има проблеми со колкот и не може да оди без помош, додека неговото појавување во јавоста од почетокот на пандемијата на коронавирусот беше намалена.

Пеле речиси цела своја кариера ја помина во Сантос, а со бразилската репрезентација три пати беше светски шампион, во 1958, 1962 и 1970 година. Во кариерата има постигнато повеќе од 1.000 голови, а за „кариоките“ на 92 натпревари даде 77 голови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот