Патниците да дојдат на аеродром 2 часа пред лет, за тоа ТАВ инсталираше 2,4 милиони евра

Скопски аеродром

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.

Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот, како што е вообичаено.
Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември.

Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“

– Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30 проценти, или 1.800 парчиња багаж на час. Новата врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Меѓународниот Аеродром Скопје сега управува со систем за ракување со багаж надграден со софистициран и најквалитетен уред за скенирање, произведен од реномиран бренд и е единствен од ваков вид во поширокиот регион.

ТАВ аеродром

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши првите 10 месеци од 2023 година со 30 проценти пораст на патничкиот сообраќај, достигнувајќи вкупно 2.647.816 патници на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид, додека бројот на летови во истиот период изнесува 19.935 со годишен пораст од 20 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот