Партизан продаде кошаркар во НБА, парите ќе ги дели со Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Tристан Вукчевиќ, кошаркарот на Партизан, кариерата ќе ја продолжи во НБА тимот Вашингтон Визардс кој одлучи да го искористи правото кое го има врз него.

Вашингтон ќе плати оштета за младиот кошаркар, меѓутоа таа сума нема комплетно да оди на сметката на белградскиот гигант бидејќи дел ќе добие и Реал Мадрид каде што претходно настапуваше Вукчевиќ.

Партизан и Реал Мадрид ќе поделат оштета во висина од .1.2 милиони евра што значи дека ќе добијат по 600.000 евра.

„Минатото лето, Тристан беше драфтуван во Вашингтон Визардс каде што играше за време на Летната лига. Сега неговиот НБА клуб одлучи да ја искористи откупната клазула која ќе му овозможи веднаш да заигра во најсилната лига во светот. Оштетата ќе биде поделена помеѓу Партизан и Реал Мадрид“, објави Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот