Парламентот на Словачка ѝ изгласа недоверба на новата техничка влада

Словачка/ Фото EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Новата техничка влада на Словачка денеска не ја доби поддршката од Парламентот на задолжителното гласање доверба, само еден месец откако стапи на функција.

Од 136 присутни пратеници во Парламентот, со 150 пратенички места, 34 ја поддржаа владата, а 43 гласаа против.

Според словачкиот закон, кога новата влада ќе стапи на должност, Парламентот мора да гласа за доверба на извршната власт во рок од 30 дена.

Словачката претседателка Зузана Чапутова, пред која владата предводена од Лудовит Одор положи заклетва на 15 мај, сега мора да биде разрешена од должноста.

Истовремено, таа ќе побара од владата да остане на функција во технички мандат до формирање на нова, по вонредните избори на 30 септември, соопшти кабинетот на словачкиот претседател.

Словачка е без влада во полн капацитет од 15 декември, кога Парламентот на иницијатива на опозицијата му изгласа недоверба на коалицискиот кабинет на премиерот Едуард Хегер, по неколкумесечна политичка криза.
Чапутова првично побара од Хегер да раководи со преодната влада до предвремените избори, но тој поднесе оставка на 7 мај, по повлекувањето на неколку министри.

Чапутова потоа се одлучи за техничката влада на Одор, која требаше да управува со земјата до септемвриските избори.

-Анкетите покажуваат дека левичарската партија Смер на Фиц би можела да победи на претстојните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот