Парламентот на Црна Гора ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ.

Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.

За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот.

На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници.

Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември.

Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство”, но дека нивната одлука „нема никаква врска” со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот