Пари на рака, пакет во рака-за онлајн пратките се плаќа во кеш

Во земјава годинава работеле 36 даватели на поштенски услуги, а 67 отсто од нив се изјасниле дека користат ИТ технологија, покажа анализирата на Агенцијата за пошти. Најкористени поштенски услуги се подигање на пакет, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса и подигање препорачани пратк

Плаќањето во кеш е се уште во игра кога се подигаат нарачаните пратки, со оглед на податокот дека само 19 отсто од поштенските фирми имаат мобилни пост терминали, а дури 80 отсто не ги користат. Во земјава годинава работеле 36 даватели на поштенски услуги, а 67 отсто од нив се изјасниле дека користат ИТ технологија, покажа анализирата на Агенцијата за пошти. Интересен е и податокот дека половина од вкупниот број на регистрираните домашни даватели на поштенски услуги (53 отсто) го имаат интегрирано Трак енд трејс системот, 36 отсто не нудат услуга која овозможува следење на пратките, а 11 отсто не доставиле податоци до АП.

-Нешто над 50 отсто од поштенските оператори не користат бар код или КЈУАР кодови, додека 33 отсто не користат никаква технологија, а 11 отсто од нив не доставиле податоци до нас – велат од Агенцијата. Што се однесува до мобилните читачи, нив ги користат само 44,5 отсто од фирмите, а оправданието е дека немаат финансиски средства за да вложат во оваа хардверска солуција.

Доколку клиентите сакаат да го следат статусот на нивните пратки, треба да ја изберат опцијата за испорака со регистрирано следење кога купуваат онлајн. По големиот број забелешки во изминативе неколку години за загубени пратки со производи нарачани преку интернет од странство, „Македонска пошта“ воведе систем за следење на пратките преку веб-сајтот на компанијата.

-Сите граѓани што купуваат од странски продавачи пристигнувањето на својата пратка во „Македонска пошта“ и реализирањето на доставата веќе може да ги следат преку системот за следење пратки на „Македонска пошта“, поставен навеб сајтот на компанијата – информираа „Македонска пошта“.

Со тоа, се зголемува сигурноста на поштенските пратки и се елиминираат сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет-нарачка во „Македонска пошта“.

Резултатите од спроведеното истражување укажуваат дека најкористени поштенски услуги се подигање на пакет 57 отсто, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса 51 отсто и подигање препорачани пратки 50 отсто. Половина од испитаниците 49 отсто, ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно. Постарите испитаници на возраст 65-74 години и 75 повеќе години во поголем број ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно, како и немажените/неженетите и учениците/студентите.

Главни причини за незадоволство од поштенските услуги се проблеми со доставата 88 отсто, краткото работно време 63 отсто, како и застарените процедури и цените на поштенските услуги со 50 отсто.

Постарите граѓани примаат и до 5 писма месечно!

Дури 37 отсто од испитаниците во истражувањето на Агенцијата за пошти изјавиле дека примаат до 5 писма месечно, додека 33 отсто изјавиле дека примаат до 2 писма месечно. Испитаници кои примаат 5 писма месечно во поголем број се постарите 65+ години.Што се однесува до приемот на пакети, генерално, најмногу пакети годишно примаат испитаниците на возраст 18-44 години.

-Во однос на типот на писмата кои се примаат, 40 отсто од испитаниците изјавиле дека се тоа сметки, додека 25 отсто дека се тоа приближно ист број на сметки и пратки, а 23 отсто примаат само сметки. Повеќе две третини од испитаниците -75 отсто, сметаат дека е потребна достава на поштенски пратки секој работен ден од понеделник до петок. Мнозинството од испитаниците 77 отсто не знаат дека можат да поднесат рекламации кај поштенскиот оператор за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, итн – покажа анализата на АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот