Папа Франциск: Со страв го следам конфликтот во Етиопија

epa08812839 A handout picture provided by the Vatican Media shows Pope Francis during the General Audience, in Vatican City, 11 November 2020. EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Франциск денеска рече дека „со страв“ го следи конфликтот во етиопската област Тигре, кој деновиве повторно се влоши.

– Со страв ја следам ситуацијата по избувнувањето на конфликтот во регионот Тигре во Етиопија, свесен дека ја опфаќа и соседна Еритреја, рече денеска во Ватикан поглаварот на Католичката црква при приемот на членовите на РОАКО, телото за помош на источните цркви.

– Во таа земја, разликите меѓу етничките групи и борбата за власт што потекнува од тоа станаа систематски, рече Папата, притоа повикувајќи на братство.

Етиопската војска во вторникот изврши воздушен напад врз селото Тогогу, во регионот Тигре, што беше осудено од меѓународната заедница.

Имаше извештаи за бројни цивилни жртви на тамошниот пазар.

Војската денеска соопшти дека нападот бил насочен против бунтовничките борци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот