Пановски за Сали: Се знае начинот за поканување, несериозно е да се покануваат експерти преку Фејсбук

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Микробиологот Никола Пановски забележува на начинот на кој е поканет, односно преку социјалните мрежи во однос на поканата на новиот министер за здравство Беким Сали за да биде член во комисијата за заразни болести.

-Се знае каков е начинот за тоа, прво се разговара, па се објавува. На Фејсбук тој може што сака да пишува, вели Пановски за Канал 5.

Сличен став има и доктор Марковски. Нагласува дека е несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук. Тој додава дека Комисијата е советодавно тело на министерот, без суштинско влијание на било какви мерки.

-Јас во 2020 година предложив Комисија за Ковид-19 како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни, вели Марковски за Канал 5.

Доктор Даниловски неодамна соопшти дека нема намера да биде дел од Комисијата и да ја жртвува својат автономија, појаснувајќи дека Комисијата нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на министерот.

Сали ги покани Даниловски, Пановски и Марковски да бидат членови на Комисијата за заразни болести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот