Пандев остана без тренер, Џенова го отпушти Маран

epa08853779 Genoa's coach Rolando Maran reacts during the Italian Serie A match Genoa Cfc vs Parma Calcio 1913 at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 30 November 2020. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Челниците на Џенова денеска му врачија отказ на тренерот Роландо Маран поради слаби резултати.
Маран на клупата на Џенова седна на почетокот од сезоната но слабите резултати, односно само една победа во 13 кола во Серија А, му пресудија на тренерот.
„Клубот му се заблагодарува на тренерот и неговиот тим на посветеноста“, објави Џенова.
Џенова по 13. кола во Серија А се наоѓа на претпоследното место на табелата со само седум бодови.
Клубот исто така соопшти дека новиот тренер на Горан Пандев и останатите фудбалери ќе биде поранешниот тренер на екипата, Давиде Балардини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот