Памела Андерсон демантираше дека поранешниот сопруг ѝ ги платил долговите, но откри колку навистина ѝ дал!
Памела Андерсон тврди дека од продуцентот Џон Питерс, со кој беше 12 дена во брак, добила само 100.000 долари.
Секс-бомбата во разговорот за „ Ladysmith Chemainus Chronicle“ вооедно и ги демантирала тврдењата на поранешниот сопруг дека и ги исплатил долговите.
– Не треба никој да ми ги плаќа сметките, поседувам куќа од 10 милиони долари во Малибу која ја издавам скоро две години, а наредните три до пет години истата ќе се издава за 40.000 долари месечно. Тоа покрива многу повеќе од моите сметки и трошоци – рекла Андресон и додала:
– Имам договори и други работи. Тие пари ги вложив во својот проект „ Ladysmith“. Воодушевена сум што парите ќе ги вложам во заедница. Цела моја заштеда, сите додатни пари кои ќе ги заработам идат тука или во мојата фондација – рекла Памела за „Дејли Мејл“.
Да потсетиме, Џон Питерс неодамна изјави дека на Памела и дал 200.000 долари за да си ги плати сметките.
The post Памела Андерсон демантираше дека поранешниот сопруг ѝ ги платил долговите, но откри колку навистина ѝ дал! appeared first on Еспресо.