Палестинскиот претседател ги наведе условите под кои ќе ја преземат контролата врз Газа

Махмуд Абас / Фото EPA-EFE/JADE GAO / POOL

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги наведе условите неопходни за палестинската управа да ја преземе контролата врз Газа.

Во интервју за египетскиот канал „Он“ (ON) , Абас ја нагласи потребата од целосен прекин на нападите, испорака на хуманитарна помош и спречување на раселување на Палестинците.

Палестинскиот претседател рече дека кога Израел ќе се повлече од Газа, палестинската управа ќе биде подготвена да преземе одговорност и контрола над Газа, Западниот Брег и Ерусалим, како единствена палестинска држава.

Тој изрази и подготвеност за меѓународна конференција во секое време.

– Израел сака да остане тука и да одвои делови од палестинските територии. Сепак, светот не го прифаќа. Теоретски против тоа се и САД, потенцира Абас.

Тој спомена дека во тек се разговори за прекин на огнот. Најави и состанок на кој ќе учествуваат ОАЕ, Катар и други земји, на кој ќе се разговара за прашањето за прекин на огнот и за повоениот патоказ.

– Израел, (премиерот Бенјамин) Нетанјаху и актуелната влада планираат да се ослободат од Палестинците и палестинската администрација – рече тој.

Тој ја спомена поддршката на Соединетите Американски Држави за Израел.

– Американците велат дека Израел не ги слуша. Ние не им веруваме. Тоа што се случува во Газа не се случило никаде на друго место во светот. Ситуацијата е полоша од Накба од 1948. Милијарди долари се потребни за да се започне нов живот во Газа, потенцираше Абас.

И покрај предизвиците, Абас изрази надеж за подобра иднина за Газа, нагласувајќи дека светот треба да го признае правото на палестинскиот народ на слобода и независност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот