Пад од 3,5 проценти на умрени од насилна смрт во 2020, еден од четири е самоубиство

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Бројот на умрени лица од насилна смрт во 2020 година е намален за 3.5 проценти во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет во државата учествуваат со 1.7 отсто, а во структурата според полот, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во вкупниот број случаи на насилна смрт, имаат несреќните случаи со 70.5 проценти, самоубиствата со 24 отсто и убиствата со 5.5 проценти.

Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од „други надворешни причини” за случајна повреда, со учество од 43.2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16.7 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3.0 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот