Претседателот на Франција, Емануел Макрон/фото:ЕПА

Пад на популарноста на Макрон покажуваат анкетите

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за пет процентни поени во еден месец, од мај до јуни, на 26 отсто од Французите кои се задоволни од неговата работа, според најновата анкета, објави денеска весникот „Фигаро“.

Според анкетата на Ифоп, спроведена за весникот „Журнал ду Диманш“, која беше спроведена по одлуката на Макрон да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори поради дебаклот на неговата група на изборите за Европскиот парламент, популарноста на францускиот претседател падна на најниско ниво од 2017 година.

Истражувањето покажува и дека популарноста на францускиот премиер Габриел Атал паднала за четири процентни поени на 41 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека се задоволни од неговата работа.

Анкетата на Ифоп беше спроведена онлајн од 12 до 20 јуни 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.992 луѓе на возраст над 18 години. Маргината на грешка е меѓу еден и 2,2 процентни поени.

Покрај анкетата Ифоп, уште една анкета на агенцијата Ипсос за весникот „Ла Трибјун“ укажува и дека популарноста на Макрон е во постојан пад, иако според таа анкета не го достигнала најниското ниво од кризата на жолтите елеци во 2018 година. Според тоа истражување, Макрон изгубил четири процентни поени, а неговата популарност паднала на 28 отсто, објави агенцијата Франс прес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот