Пациентот во Осиек негативен на тестовите за коронавирус

Здравствените тестирања на 26-годишниот пациент од Ѓаково, кој е сместен во болницата во Осиек, покажуваат дека тој нема коронавирус, пренесува „Б92“, откако претходно денес медиумите објавија дека има сомнителен случај во овој хрватски град.

– Вечра исптувавме примероци на крв и од горните дишни патишта. Еден тест беше благо позитивен, а другиот т.н. потврден тест, и вчера и денес, беше негативен. Сакавме да направиме и тест од секрет на кашлица, но пациентот не кашла и се чувстува добро, такашто не можеме да земеме примерок – рече директорката на Клиниката на инфективни болести Алемка Маркотиќ.

Резултатите се испратени на творецот на тестот од Институтот во Берлин, бидејќи клиниките имаат обврска на референтните центри да им испрати примерок за дополнителна потврда.

– Болниот не кашла и е во добра општа состојба. Тој веројатно ќе биде под одреден здравствен надзор додека не се забележи развој на болеста – рече Маркотиќ.

Пацентот на десетиот ден по враќањто од Кина имаше температура од 38 степени, и потоа е примен во болницата во Осиек и ставен е во карантин.

Во Хрватска официјално во моментов нема заболени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот