Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Пациент со ковид-19 имал три часа непрекината ерекција
Неидентификуван 69-годишен маж од Охајо, САД, бил хоспитализиран минатата година откако му бил дијагностициран ковид-19, па имал проблеми со дишењето и со насобирање течности во белите дробови.
Препорачано
Пациентот, кој страдал од дебелина, по десет дена завршил на респиратор, а лекарите го свртеле на стомак за да ја применат итната техника за снабдување со воздух во белите дробови. Кога по 12 часа медицинските сестри повторно го свртеле на грб, забележале дека има ерекција.
Лекарите сметаат дека ковид-19 предизвикал крвни згрутчувања во половиот орган на пациентот. Се обиделе отекувањето да се спречи со ладни облоги, но ерекцијата траела три часа. Лекарите биле принудени со игла да ја исцедат крвта.
Ерекцијата не се вратила по постапката, но човекот починал на интензивна нега кога белите дробови престанале да работат.
Пријапизам или долготрајна ерекција може да доведе до трајно оштетување ако итно не се лекува и може да предизвика неподносливи болки. Пациентот цело време бил без свест, па не можел да одговори колкава болка чувствувал.
Урологот д-р Ричард Вини рекол дека очигледно станува збор за исклучително редок случај бидејќи дотогаш не биле забележани случаи на ковид-пациенти со вакви проблеми, пренесува „Дејли мејл“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5