Пациент на Геријатрија паднал од висина и загинал

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

78-годишен пациент во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ во Скопје, вчера починал откако паднал од висина, соопшти МВР.

Според полицијата, трагичниот настан бил пријавен вчера во 18:15 часот.

„Во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт“, наведуваат од МВР.

Во кусото полициско соопштение не се наведуваат повеќе информации за околностите под кои се случил падот на човекот, како ни од колкава висина паднал.

По наредба на обвинител, телото е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот