ОВОШНА И ОСВЕЖУВАЧКА: Торта со ананас (РЕЦЕПТ)

торта ананас

Состојки:

За кора

10 белки
10 лажици шеќер
5 жолчки
6 лажици брашно
6 лажици гриз

Фил 1

300 мл вода
300 мл сок од ананас
8 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
2 шлаг крем
1 конзерва ананас

Фил 2

500 мл млеко
10 лажици шеќер
5 жолчки
2 пудинг од ванила
300 гр маргарин
250 гр шеќер во прав

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ги белките со шеќерот. Матете додека не добиете цврста пена. Потоа постепено додавајте ги сите преостанати состојки за подготовка на кората. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Печете две одделни кори. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Додека чекате потребните кори да се испечат и да се изладат, подгответе ги двата фила.
За подготовка на првиот фил, потребно е во подлабок сад да ги ставите водата, сокот и шеќерот да провријат и сварете го пудингот. Готовиот пудинг тргнете го да се излади и кога ќе се излади, измешајте го со претходно изматени два шлага. Додајте го ананасот исечен на коцки и сè убаво измешајте.

За подготовка на вториот фил потребно е млекото и шеќерот да ги ставите да зовријат. Во посебен сад изматете ги жолчките заедно со прашокот за пудинг и додајте ги во зовриеното млеко. Сварете го филот и оставете да се излади. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додајте го во филот. Изматете убаво.
Изладените кори убаво филувајте ги. На крај декорирајте по ваша желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот