Пар, кавга, плачење, тага
Фото: Pexels/Antoni Shkraba

Овој знак открива дека раскинувањето помеѓу вас и партнерот е неизбежно!

Презирот не мора да се изразува преку отворен конфликт или груби зборови – тој често доаѓа во форма на суптилно однесување, како што се навредливи коментари, сарказам или дистанцирање.

На социјалните мрежи често се водат дебати за тоа кои се знаците дека врската нема да трае долго. Еден корисник на Редит сподели совет што го слушнал од брачен советник со повеќе од 20 години искуство: „Ако едниот партнер покажува презир кон чувствата на другиот – готово е!“.

Но, што точно значи тоа?

Презирот не мора да се изразува преку отворен конфликт или груби зборови – тој често доаѓа во форма на суптилно однесување, како што се погрдни коментари, навредлив сарказам, потсмев или емоционално дистанцирање.

Кога ќе се изгуби меѓусебното почитување и разбирање, тешко е повторно да се изгради блискост и доверба.

Други ситуации кои можат да сигнализираат крај на врската

Ако не сте сигурни дали вашата врска е во сериозна криза, обрнете внимание на следните знаци:

Го губите интересот за партнерот

Ако станете рамнодушни кон пзаедничкото дружење, разговорот за проблемиte или одржувањеto физичка блискост, тоа може да биде сигнал дека станувате емотивно оддалечени.

Постојано се расправате за истите работи

Конфликтите се нормални во секоја врска, но ако ги повторувате истите теми одново и одново без никаков напредок, можеби ќе се соочите со подлабоко несогласување кое не е лесно да се реши.

Барате потврда од другите дека мора да престанете

Ако често ги прашувате вашите пријатели: „Дали мислите дека треба да раскинеме?“, веројатно веќе сте ја донеле својата одлука, но ви треба дополнително уверување.

Го замислувате животот без партнерот

Ако сè повеќе се замислувате себеси дека повторно живеете сами или влегувате во нова врска, тоа може да биде знак дека потсвесно веќе барате излез.

Појавата на чувства кон некој друг

Ако забележите дека вашето емоционално или физичко внимание е привлечено од некоја друга личност, тоа може да значи дека вашите потреби во вашата моментална врска се незадоволени.

Како да донесете одлука?

Раскинувањето не е лесна одлука, но останувањето во врска која не ви носи среќа исто така може да биде штетна. Ако ги препознаете горенаведените знаци, можеби е време искрено да разговарате со партнерот и да размислите за иднината на вашата врска.

Важно е да не ја донесете одлуката набрзина, туку да си дадете себеси време за интроспекција.

Поставете си неколку прашања:

– Дали сум среќен/на во оваа врска?

– Дали се чувствувам почитувано и сакано?

– Дали ја гледам оваа личност како дел од мојата иднина?

Ако одговорите се негативни, можеби е време да продолжите понатаму. Секој крај носи нова можност за раст и среќа – дали преку работа на себе или преку врска која повеќе ќе ви одговара, пишува „Ладбајбл“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот