
Оваа пролет внесете боја во вашиот дом: Запознајте ја азалеата – кралица на пролетниот декор, со која домот ќе ви процвета! (ФОТО)
Овој прекрасен цвет ќе донесе спокојство и боја во вашиот дом… Азалеата е прекрасно растение кое ќе се вклопи во секој дом.
Препорачано
Меѓу прекрасните пролетни глетки е секако и расцветаната азалеа. Цветовите на ова растение доаѓаат во неколку бои, затоа за вашиот дом, можете да ја изберете онаа што најдобро одговара на вашиот екстериер или ентериер, бидејќи покрај тоа што се одгледува во градините, азалеата може да биде и домашно растение.
Азалеа е прекрасно растение со потекло од Азија кое ќе донесе боја и радост во секој дом, а за да се случи тоа, важно е да знаете неколку трикови.

Првиот чекор во одгледувањето на азалеа како растениe во затворен простор е избор на вистинска грмушка или вид наменет за во затворен простор. Купете растение кое има отворено само неколку пупки. На тој начин ќе можете подолго да уживате во првиот цут.
Во својата природна средина, азалеата живее под високи дрвја. Просперира на ладни места, надвор од директна сончева светлина. И како домашно растение, најдобро напредува на постудени температури, кои се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Овие постудени температури исто така помагаат цветањето да трае подолго.

Азалеите се погодни и за добро осветлено место, но без директна сончева светлина. Што се однесува до влажноста, никогаш не треба да дозволите растението целосно да се исуши. Значи, почвата секогаш треба да биде влажна, но не премногу влажна. Не го дохранувајте растението додека не заврши цветањето.
Секој труд вложен во азалеата таа ќе го награди со прекрасни цветови кои можат да бидат во розева, бела, праска боја, лаванда боја, црвена … Азалеата има и темно зелени овални лисја. Со силна светлина и температури што и одговараат, азалеата ќе цвета три до четири недели.