
Оваа песна била одбиена од 15 пејачи пред да стигне до рацете на Халид Бешлиќ и да стане безвременски хит
„Мало је мало дана“, „Миљацка“, „Таман је“, „У мени је јесен“ и „Изнад Тешња“ се само дел од хитовите на легендарниот Халид Бешлиќ, кој почина денес на 72-годишна возраст по кратко, но тешко боледување.
Препорачано
Еден од најголемите хитови на Халид Бешлиќ првично беше одбиен од дури 15 пејачи бидејќи не го виделе потенцијалот во песната, пишува „Сензација.ба“.
Станува збор за песната „Ја без тебе не могу да живим“, објавена во 2016 година за серијата „Убијците на мојот татко“. Овој интересен факт го откри авторот на песната, Мирко Шенковски Џеронимо.
„Тоа е песна во која и јас престанав да верувам. Не би зборувал за имиња сега за да не доведам некого во незгодна ситуација. Имаше и неколку пејачи од Хрватска на кои им ја понудив, но тие не реагираа. Таа песна стоеше долго време сè додека еден ден Халид не ме повика и не ме праша дали имам нешто ново. Рече дека се снима серија и дека бараат нешто во стилот на Тома Здравковиќ“, се присети еднаш Џеронимо.
Патем, Бешлиќ има над 20 албуми и речиси 200 песни зад себе.
Да потсетиме, кон крајот на август, Халид Бешлиќ завши во болницка во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. Музичарот беше хоспитализиран долго време поради тешката болест – рак. Лекарите направиле сè што е во нивна моќ, но болеста, за жал, била посилна. Подоцна беше откриено дека Бешлиќ бил префрлен на Одделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.