Оваа фигура носи изобилство и плодност – еве каде треба да биде поставена во домот за да привлече пари

Profimedia

Според кинескиот хороскоп, 2019 е година на свињата. Годината на свињата е многу возбудлив период и сите треба да го искористат нејзиното позитивно влијание, кое ќе трае до 24 јануари 2020 година.

Во годината на свињата, забавата и задоволството се позастапени во однос на моќта и статусот, а доста високо се вреднувани и мирот и хармонијата. Свињата е симбол на изобилството, плодноста, сигурноста и искреноста.

Златна свиња на кревет од златници со кристална топка предизвикува стекнување богатство, како и заштита на моменталното богатство од непредвидени ситуации или луѓе кои го посакуваат. Свињата е последното животно во кинескиот хороскоп и нејзиниот симбол емитува вибрации на интелигенција, лојалност, толеранција и љубов.

Според фенг шуи, родените во годината на свињата се одлични пријатели и интелектуалци. Тие остануваат мирни кога се во неволја и може да се снајдат во многу неприлики. Имаат големо чувство на одговорност и не оставаат незавршени работи.

Ако го ставите овој симбол во вашиот дом или канцеларија, вие и вашето семејство ќе имате доста од овие карактеристики. Родените во годината на свињата ќе ги почувствуваат посилно влијанијата на овој знак, па нејзиниот симбол е одличен реденденски или новогодишен подарок.

Постојат многу заблуди поврзани со свињите. Така на пример сите веруваат дека свињите се валкани животни. Според принципите на фенг шуи, всушност свињите многу внимаваат на нивната хигиена. Тоа што свињата сака да ужива, не значи дека е валкано животно. Исто така многу луѓе веруваат дека свињите се глупави, но според тврдењата на фенг шуи тие се исклучително интелигентни животни.

Во древната кинеска култура свињата е тесно поврзана со плодноста. Раѓање на дете во годината на свињата се смета за голем благослов. Родителите треба да бидат среќни зашто децата родени во овој знак најчесто се искрени и многу среќни.

Други позитивни карактеристики на родените во годината на свињата се трпеливост, скромност и особена креативност. Годината на свињата е многу возбудлив период и сите треба да го искористат нејзиното позитивно влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот