Ова се новите регистарски таблички (ФОТО)

Согласно насоките на Владата упатени до Министерството за внатрешни работи во Извадокот од Нацрт записникот од 120-тата седница на Владата на РСМ од 12.02.2019 согласно која МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички.

Во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи почнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК.

Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот