Ова никој не го очекуваше: Се разведуваат ѕвездата на „Game of Thrones“ и познатиот музичар

Џо Џонас и Софи Тарнер
Џо Џонас и Софи Тарнер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Како што тргнало, ова ќе биде година обележана со разводи на славните. Ѕвездата на „Game of Thrones“Софи Тарнер и музичарот Џо Џонас, кои се венчаа во 2019 година, се разведуваат, пишува американскиот портал „Ти-ем-зи“.

Што го предизвика крахот на краткотрајниот брак?

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Извори открија дека познатиот пејач и актер Џо Џонас веќе контактирал со најмалку двајца адвокати во Лос Анџелес и е на прагот да поднесе документи за развод. Еден од тројцата браќа Џонас и Софи Тарнер се борат со сериозни проблеми во врската најмалку шест месеци.

Според зборовите на упатените, во последните три месеци Џонас цело време се грижел за нивните две деца дури и додека бил со својот бенд на турнеја. За „Ти-ем-зи“ рекле дека децата сега се со него, како и дека неговата група има настапи во Америка.

Фото: EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Кога претходно во јавноста се појавија Софи Тарнер и Џо Џонас, немаше знаци на проблеми во нивната врска. Пред само две-три недели на еден од концертите на браќата Џонас, Софи беше забележана во ложата со Пријанка Чопра, сопруга на еден од браќата Ник Џонас. Во таа прилика, Софи објави и фотографии од неа и Џо на својот инстаграм-профил.

Меѓутоа, Џо во последните неколку недели е виден без венчалниот прстен. Тие неодамна ја продадоа вилата во Мајами, која ја купија пред само една година. Гледано од оваа перспектива, сето тоа било најава за развод.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Софи Тарнер и Џо Џонас се во врска од 2016 година, се верија една година подоцна, а се венчаа во 2019. Првото дете го добија во 2020 година, а во 2022 година станаа родители по вторпат, пишува „Ти-ем-зи“.

Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители по вторпат: Sвездата на „Игра на Тронови“ и музичарот добија ќерка

Се породи пред пет месеци, а веќе сака пак да забремени: Софи Тарнер сака големо семејство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот