Се породи пред пет месеци, а веќе сака пак да забремени: Софи Тарнер сака големо семејство

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Актерката Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас го добија своето прво дете во јули оваа година.

Според сознанијата на извор близок до парот, Софи и Џо веќе се надеваат на втора бременост бидејќи планираат што е можно поскоро повторно да го прошират семејството.

„Џо и Софи се трудат да добијат уште едно бебе. Навистина се возбудени поради проширувањето на семејството. Бебето дополнително ги зближи и двајцата сакаат да имаат големо семејство“, тврди изворот.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е sofi-tarner-profimedia-2-967x1024.jpg
Фото: Профимедиа

„Парот во моментов ужива во моментите со ќерката Вили. Поради пандемијата тие се трудат да водат сметка кој му приоѓа на нивното дете“.

Во меѓувреме пристигнуваат и информациите дека парот е пресреќен што може (поради пандемијата) целото свое време да му го посвети исклучиво на детето.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е sofi-tarner-profimedia-3.jpg
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот