ОВА Е НАЈТОКСИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ: Со години служел за биолошко оружје, а потоа одлучиле да УНИШТАТ се (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

На границата на Казахстан и Узбекистан, опкружен со километри од токсична пустина, се наоѓа веројатно најтоксичниот остров на свет.

Возрожденија некогаш било живописно рибарско село, опкружено со тиркизни лагуни, кога Аралското море било четврто најголемо на свет и изобилувало со риби. Но по години злоупотреба, водата се повлекла и морето се претворило во прашина. Денеска слојот од солен песок, преполн со канцерогени пестициди е се што останало од древната оаза. Ова е место каде живата во термометрите постојано покажува 60 Целзиусови степени, а благодарејќи на еден советски проект, тоа е едно од најсмртоносните места на планетата.

Од седумдесетите години, островот бил вмешан во бројни злобни случаи. Во 1971 година една млада научничка се разболила, откако истражувачкиот брод, Лев Берг, залутал во кафеава магла. Неколку дена подоцна таа завршила во болница заради сипаници. На сите тоа им било чудно, бидејќи таа веќе била вакцинирана. Иако оздравила, епидемијата продолжила и заразени биле уште девет луѓе во нејзиниот роден град, од кои тројца умреле.

Еден од нив бил нејзиниот помлад брат. Година подоцна биле пронајдени труповите на два исчезнати рибари во нивниот брод. Се верува дека умреле од чума. Набргу потоа, жителите почнале да извлекуваат мрежи полни со мртви риби. Никој не знаел зошто. Во мај 1988 година 50.000 саига антилопи умреле во рок од еден час.

Островот и понатаму чува бројни тајни, можеби бидејќи е место каде што не можете само да се појавите. Со обѕир дека Возрожденија е напуштена веќе 90 години, имало само неколку експедиции. Ник Мидлтон, новинар и географ од Универзитетот Оксфорд снимил документарен филм во 2005 година.

„Бев свесен за тоа што се случило, па се држевме до советите што ни ги даде еден господин кој работел за британската војска и дојде да ни раскаже што се не чека“, рекол тој.

„Искрено, потполно ме преплаши“, рекол Мидлтон.

Тој експерт бил Дејв Батлер, кој на крајот отпатувал со нив.

„Многу работи можеа да тргнат погрешно“, рекол тој за ББЦ. Како мерка за претпазливост, Батлер го ставил цел тим на антибиотици, уште една недела пред патувањето. Носеле гас маски со филтери за воздух, дебели гумени чизми и голема облека како форензичарите. Не биле параноични. Фотографиите на ЦИА кои биле направени во 1962 година, откриле дека на другиот остров има пристаниште и колиби за рибите, а тука имало стрелиште и бараки. Но тоа не било се. Имало и истражувачки згради, штали и места за испитување на отворено.

Островот бил претворен во воена база од најопасен вид: тоа бил објект за испитување на биолошко оружје. Проектот бил потполна тајна, а не ни означен на советските карти, но луѓето се запознаени со проектот нарекувајќи го Аралск-7. Со текот на годините местото станало жива ноќна мора, каде антракс, сипаници и чума во големи облаци се движеле над земјата, а егзотични болести како туларемија, бруцелоза и тифус паѓале од небото и навлегле во песочната земја. Островот бил доволно изолиран за да не биде откриен до 19 век, што го прави идеално место за криење од очите на западната интелигенција.

Покрај тоа, околното море изгледало како прикладен природен ров. Тоа се причините кои довеле до тоа да биде избрано како конечното складиште за најголемата залиха на антракс во човечката историја. Неговото потекло останало нејасно, но можно е смртоносниот отров да е создаден во Комплексот 19, објект блиску до рускиот град Свердловск, кој сега е познат како Екатеринбург.

Аралск-7 бил дел од програмата за биолошко оружје на индустриско ниво, која вработила повеќе од 50.000 луѓе во 52 производни линии низ советските држави. Антраксот е произведен во огромни количини, како да произведуваат пиво, а не отров. Во 1988 година, девет години по истекувањето на антраксот во Комплексот 19 умреле најмалку 105 луѓе, а советските сили решиле да се ослободат од залихите на отровот. Огромни количини на антракс биле измешани со избелувач и се префрлени во градот Аралск, на брегот на Аралското море (сега 25 километри од брегот), каде биле ставени на бродови и истоварени во Возрожденија. Отприлика 100 до 200 тони на антракс биле префрлени во јама и заборавени. Поголемиот дел од времето, бактериите на антраксот живеат како спори, неактивен облик со екстремни вештини на преживување.

Кога се ставени во земја, спорите можат да преживеат стотици години. Во една прилика биле пронајдени за време на археолошко ископување во Шкотска. Неодамна момче умрело откако го совладал антраксот кој се наоѓал на далечниот север во Русија. Епидемијата хоспитализирала 72 лица од номадското племе Ненетс, вклучувајќи 41 дете и илјади елени загинале. Се смета дека се тоа започнало кога топлотниот удар одмрзнал труп на елен, кој бил повеќе од 75 години стар.

Како што се очекувало, напорите на Советскиот Сојуз во Возрожденија не биле доволни. Години по распадот на СССР, по нападот на Токио и откривањето на програмата за биолошко оружје во Ирак, стравовите се зголемиле заради можноста терористите да добијат било каков отровен патоген. Така американската влада пратила екипи на експерти да спроведат некои тестови.

Точната локација на антраксот никогаш не била откриена, но подоцна испаднало дека тоа не било проблем. Јамите биле толку огромни, што биле јасно видливи на фотографии снимени од вселената. Спорите биле пронајдени во неколку примероци на земјата, а Американците ветиле 6 милиони долари за проект за чистење на местото. Проектот вклучувал длабок ров, пластична изолација и неколку тони силен избелувач. Само требале да ги префрлат тоните контаминирана земја во ровот, на температура од 50 степени и таму да ги остават неколку дена. Секако, целото време морале да имаат дебела заштитна облека.

Вкупно биле ангажирани 100 работиници, а проектот трае четири месеци. Тоа работело. По шест дена избелувач и висока температура, спорите исчезнале. Но тоа не е крај на приказната. Половина век тестирање на отворено го загадило целиот остров и тоа не само на местото на испитување.

„О тука ќе има антракс и понатаму, нема сомнеж“, раскажува Лес Баиле, меѓународен експерт за антракс од Универзитетот Кардиф. Тој поминал десет години на бившото британско одделение за истражување на биолошко оружје, Портон даун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот