Отворена градинка за 75 деца во Миладиновци

Во населеното место Миладиновци во Опптина Илинден денеска е отворена новата детска градинка „Прв чекор“ со капацитет за 75 деца на возраст до 6 години, кои ќе бидат организирани во четири  згрижувачко-воспитни групи. 

– За нас секое дете е важно. Предучилишното образование го поставува темелот на кој што младата детска личност се гради во иден ученик во основно училиште, средно образование и академски граѓанин – изјави министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска која присуствуваше на отварањето.

Таа потсети  дека од почетокот на мандатот, покрај денешната во Илинден се отворени и градинките во Сарај и Гостивар, а до крајот на годината планирано  е отворање на градинките во Ресен, Боговиње и на уште четири други.  Шахпаска рече дека Министерството планира до крајот на мандатот на оваа Влада во детските градинки да има опфат од 7.500 нови деца.

–  Илинден е општина во раст. Поширувањето на капацитетот на градинките е особено важно, бидејќи  предучилишните установи се клуч за дружење и социјализација на децата – рече градоначалникот Жика Стојановски.

Тој информираше дека новата градинка е енергетски ефикасен објект кој ги задоволува највисоките стандарди. Вкупната инвестиција на општината и Министерството за оваа градинка изнесува 33 милиони денари, односно околу половина милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот