Отворен шестчасовен коридор за евакуација на цивилите од Газа

Премин Рафах, меѓу Египет и Газа / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска во северниот дел на Појасот Газа е отворен шестчасовен коридор за евакуација на цивилите долж улицата Салах ел Дин кон југ од енклавата.

Коридорот ќе биде отворен до 16 часот по локално време, јавува Си-Ен-Ен.

„Северниот дел од Појасот Газа се смета за жестоко бојно поле и истекува времето за евакуација. Придружете им се на стотиците илјади лица кои ги послушаа повиците и во последните денови се преселија на југ“, напиша портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, на социјалната мрежа Икс.

Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби вчера најави дека Израел ќе спроведува дневни четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северниот дел на Појасот Газа.

Кирби додаде дека најавите за паузи ќе бидат објавени три часа пред почетокот, и дека од клучно значење е хуманитарните залихи и помошта да се прошират и на областите каде што луѓето бегаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот