Откажан фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Израел

фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Израел, кој требаше да се одигра во вторник, е откажан!

БиХ и Израел требаше да се сретнат на 26 март на стадионот Грбавица во Сараево, но поради безбедносни причини нема да се игра. Оваа вест ја соопшти претседателот на фудбалската федерација на Израел, Моше Зуарес.

Како што пренесуваат израелските медиуми, Израелците и УЕФА побарале од Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина да го откаже натпреварот.

– Поради тензичната ситуација, УЕФА нè контактираше веднаш штом завршија натпреварите од плеј-офот и нè прашаа дали сме за откажување на натпреварот против Босна и Херцеговина бидејќи тоа е неважно за двете репрезентации. Сигурен сум дека Босанците чесно би ни биле домаќини, но под овие околности јас одобрив откажување на натпреварот – изјави Зуарес.

Инаку во четвртокот овие две репрезентации има настапи во плеј-офот за пласман на ЕП 2024 и беа елиминирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот