Основачите на Суперлигата на почетокот имале поддршка од ФИФА

И политиката се вмеша во фудбалот/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека ФИФА не била толку искрена во осудата поради формирањето на европската Суперлига иако застана зад УЕФА. Весникот пишува дека ФИФА дури имала состанок со основачите на Суперлигата  и дека ја поддржала оваа идеја.

Минатиот месец 12 европски гиганти (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Јувентус и Интер) предизвикаа фудбалски земјотрес со одлуката да формираат свое натпреварување, Суперлигата.
Но „лигата на богатите“ не заживеа бидејќи по само 48 часа од нејзиното формирање, истапија шесте англиски екипи, а по нивните стапки тргнаа и Атлетико Мадрид и Милан и Интер.
Единствено Јувентус, Реал Мадрид и Барселона не планираат да се откажат од Суперлигата дури и по цена на суспензија од УЕФА, бидејќи се поизвесно е дека имаат поддршка од ФИФА.
Според американскиот весник, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино наводно бил дел од овој проект и на состанокот со клубовите ја поддржал нивната идеја за формирање на Суперлигата. Инфантино со клубовите разговарал за идејата победникот во Суперлигата да игра на светското клупско првенство, а исто така се разговарало да се најде начин да не се казнат фудбалерите доколку би играле во Суперлигата.

Подоцна откако притисокот кон клубовите основачи стана преголем и се вклучи дури и британската влада, ФИФА излезе со соопштение дека не ја поддржува Суперлигата и дека ќе ги казни сите учесници во истата.
Според „Њујорк тајмс“, организаторите на Суперлигата биде шокирани од ваквиот пресврт на настаните, односно менувањето на курсот на политика на ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот