Османи-Вилмес: Заедничка е обврската да го задржиме европскиот кредибилитет на Балканот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работна посета на Кралството Белгија, имаше средба со својот домаќин, заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски работи и надворешна трговија и федерални културни институции на Кралството Белгија, Софи Вилмес.

На состанокот, како што соопшти МНР, беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на првата меѓувладина конференција, согласно одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите.

– Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка на земјите-членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги, и сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципиелни позиции и со Белгија, истакна Османи.

На средбата беше разговарано и за билатералните односи меѓу двете земји, за кои беше констатирано дека имаат стабилен и континуиран напредок.

Османи и Вилмес отворија и повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, како и темите поврзани со  епидемиолошките состојби во двете земји и напорите за надминување на глобалната здравствена криза предизвикана од ковид-19.  

Посетата на Брисел на Османи продолжува со средби со претседателот на белгискиот Парламент, Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат, Стефан Д’Хос, а во рамките на посетата Османи ќе оствари посета и на седиштето на НАТО, каде ќе се сретне и со генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот