Бујар Османи Фото: Османи Фејсбук

Османи тврди дека на пролет ќе има предвремени парламентарни избори

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, рече дека ќе има предвремени парламентарни избори во март или април следната година.

Тој коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера рече дека не ја исклучува можноста по локалните да има предвремени парламентарни избори, рече дека изјавата на премиерот само го потврдува она што ДУИ и другите опозициски партии го укажувале со месеци – дека актуелната влада е нестабилна и неодржлива.

„Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена“, изјави Османи.

Според него, изборите ќе бидат можност да се избере нова влада со јасен европски и економски фокус.

„Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата“, додаде тој.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на годинашните локални избори, логично е да се оди и на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат. Но, како што рече, за таа одлука нема да биде водена од политичкиот, туку од интересот на државата.

Мицкоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот