Османи: На маса сме со најсилните земји, немаме право да се откажеме

Неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за нашата одлука е историска грешка и неправда но ние не се откажуваме и нема да дозволиме чувството на разочараност да не отргне од патот на реформите, рече министерот за евроинтеграции Бујар Османи на собраниската комисија за европски прашања на која се дискутира за неуспехот на нашата земја со недобивањето на датумот за преговори.

-Со одлуката од јуни минатата година го започнавме обврзувачкиот скрининг, сите признанија нè охрабрија да ја очекуваме позитивна одлука. Оваа седница не е сликана за да си честитаме. Неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за нашата одлука е историска грешка и неправда. И е Европслиот парламентот го потврди тоа. Чувството на изневереност од страна на ЕУ не смее да нѐ оддалечи од европските вредности, не смее да нѐ оддалечи од патот на реформите, од патот на создавање пријатели од своите соседи, од патот на создавањето на функционално мултиетничко општество, од патот да создавање европска држава, по европски правила, стандарди и вредности, бидејќи нашиот пат бил, нашиот единствен пат е, и останува да биде европската перспектива и од тоа отстапување нема. Немаме право да се предадеме. На маса сме со најмоќните – рече Османи.

Тој објасни дека без разлика на сегашната состојба нашата држава е навистина пример на Балканот за тоа како се гради функционална мултиетничка демократија, со почитување на европските принципи на еднаквост, на солидарност, на компромиси, земја која како ретко која друга може да се пофали дека на правилен начин ги затвори сите поголеми отворени политички прашања, независно дали се тоа односите со соседите или внатрешните односи меѓу различните етнички заедници, меѓу различните политички, социјални или општествени целини.

Во оваа насока тој потенцираше дека поканата за членството во НАТО, но и брзата ратификација од земјите – членки на алијансата која се одвива во текот на целиот овој период, претставува јасна порака од европските и светските пријатели дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, дека претставува дел од семејството на западните држави и дека со право се надева на членство во сите мултилатерални организации кои припаѓаат на западната цивилизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот