Османи: И Ахмети се сретна со Гаши, имаме загарантирано мнозинство од 61 пратеник

Бујар Османи
Бујар Османи/ Фото С.П / Драган Митрески

Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека и лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретнал со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Како што Заев се среќава со пратеници, така и Али Ахмети. Конкретно се има сретнато со Африм Гаши“, рече Османи, без да прецизира кога и каде се случила таа средба.

Османи вели дека дека мнозинството во Собранието е загарантирано и имаат 61 пратеник.

Тој не сакаше да открива имиња и детали, а побара и разбирање да се почека неколку денови.

„Не е коректно јас да зборувам во името на тие што треба да излезат, да почекаме уште малку“, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот