Осака им објави војна на организаторите: Новинари, нема да ме видите на Ролан Гарос
Јапонската тенисерка која минатата година беше спортистка со најголема заработка е подготвена да плаќа казни само за да го истера своето.
Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Наоми Осака, преку својот профил на Инстаграм објави дека ја известува светската јавноста ори за време на Ролан Гарос нема да доаѓа на задолжителните прес-конференции како и дека нема да има никаков контакт со медиумите.
Јапонската тенисерка на овој чекор се одлучи поради критиките на нејзина сметка кои беа упатени преку медиумите и социјалните мрежи и е подготвена поради својата одлука да ги плаќа сите казни предвидени според правилникот на ВТА.
„Често чувствувам дека луѓето немаат разбирање кон менталното здравје на спортистите и тоа звучи вистинито секој пат кога ќе видам прес-конференција или учествувам во неа. Често седевме таму и добивавме прашања кои ни беа поставувани повеќе пати за да ни внесат сомнежи. Јас нема да се изложувам пред луѓето кои се сомневаат во мене. Гледав многу видеа на спортистите беа „масакрирани“ по поразите во прес салите. Мислам дека целата ситуација потсетува на удирање човек додека лежи и навистина не можам да ги разберам причините за тоа. Моето непојавување на прес-конференциите нема никакви врски со турнирот или новинарите, со некои од нив сум во пријателски односи. Но, доколку организаторот мисли дека тие можат на нас да ни кажат „одете на прес или ќе бидете казнети“ и продолжуваат да го игнорираат менталното здравје на спортистите кои се главната причина за нивното постоење, јас само ќе се насмеам. Се надевам дека дел од мојата казна ќе биде уплатен во хуманитарни цели во фондовите за ментално здравје“, напиша Осака.
View this post on Instagram
Според правилата, сите тенисери и тенисерки мора да одржуваат прес-конференции по секој меч или ризикуваат парични казни. Медиумите на кои не им се допадна одлуката на Осака, шпекулираат дека тенисерката може да биде казнета со 100.000 долари на Ролан Гарос.
Оваа сума нема да претставува никаков проблем за Наоми Осака која минатата година заработи дури 37 милиони долари.