Орбан повторно избран за лидер на Фидес, порачува дека Унгарија останува во ЕУ

Фото: Профимедиа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој повторно е избран за претседател на партијата Фидес, рече дека неговата земја ќе остане во Европската Унија (ЕУ), но источните и западните членки на блокот мораат да најдат компромис, пренесуваат агенциите.

– Ние сме членка на Унијата и ќе останеме членка – рече Орбан и додаде дека иако западната и источната половина на Унијата јасно следат различен пат и почитуваат различни вредности, можно е да се пронајдат начини на соживот и во такви околности.

Во речиси десет години на власт, Орбан често влегуваше во несогласувања со Брисел, на пример поради неговото одбивање да ги прифати мигрантските квоти според планот на Брисел, а добиваше критики и поради неговото настојување да ги контролира медиумите, судството и академската заедница. Во тој контекст тој и порача на „другата страна“ да ја запре практиката на отворени напади на владите на поранешните комунистички земји од средна и источна Европа.

– Ние на нив не им испраќаме платени политички активисти, затоа тие нека ги повикаат нивните од средна Европа – истакна унгарскиот лидер.

Орбан додаде дека „буџетот на Унијата не би смеел да биде користен за финансирање на групи и медиуми кои ги фаворизираат либералите и мигрантите, и на оние кои им служат на нив“.

– Ако навистина сакаме Европа да ја одржиме заедно, треба да ја запреме таа практика. Ова е наша земја, наш дом и наш жиот и за тоа може да одлучуваат само Унгарците – потенцираше Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот