Општина Карпош објави оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди

Велосипедисти / Фото: Слободен печат

Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.

– Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска (7.5.2021). Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3 000 денари, стои во соопштението.

За оваа намена, општината издвоила финансиски средства од својот Буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен”.

– Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди, треба да ги достават следните документи: Барање за субвенција за нов велосипед, Фотокопија од лична карта, Фотокопија од трансакциска сметка, Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (7.5.2021), Изјава за согласност за обработка на лични податоци, Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот, информраат од општината.

Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.5.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница” (достапна за IOS и Android), како и на веб-страната www.m-zaednica.mk.свс/са/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот