Општина Центар распиша повик за субвенција на дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на општината, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година, известуваат од Општина Центар.

Ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари, а ќе трае до исцрпување на средствата што се предвидени во Буџетот на општината, како што се наведува во соопштението, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

-Преку проектот Центар на точак само минатата година субвенциониравме 134 жители кои купија нов велосипед и 7 за нов е-тротинет, а од оваа година за првпат во државата ќе се субвенционира и купување на дополнителна опрема за велосипеди и е-тротинети, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што купил дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет има право да аплицира на Јавниот повик, ретроактивно од 1.8.2023 година.

Потребните документи за аплицирање на Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција се објавени на веб- страницата на Општина Центар хттпс://њњњ.центар.гов.мк/?п=19005. Барањата со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, барака бр.6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Правото на субвенција е еднократно. Сите дополнителни прашања граѓаните може да ги постават на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот