ООУ„Петар Поп Арсов“ од Општина Карпош е училиште со најдобро уреден еко-двор

Фото: Општина Карпош

Во рамките на годишната програма како дел од активностите на Општина Карпош во областа на образованието, локалната самоуправа објави Јавен повик за најдобро уреден еко-училиштен двор (катче), на кој се пријавиле шест основни училишта од територијата на Карпош.

– Комисијата составена од претставници од општинската администрација и советници од Општина Карпош ги разгледа пристигнатите апликации, при што констатираше дека првата награда ја доби ООУ „Петар Поп Арсов“. По евалуацијата на пристигнатите апликации во кои училиштата испратија и фотографии од уредените еко-катчиња, Комисијата одлучи втората награда да ја додели на ООУ „Вера Циривири Трена“, додека пак на третото место се најде ООУ „Аврам Писевски“ – информираат од Општина Карпош.

Инаку, за оваа намена Општина Карпош од својот буџет обезбеди 100.000 денари, од кои прворангираното училиште добива парична награда во висина од 50.000 денари, второрангираното 30.000 денари, а треторангираното основно училиште е наградено со 20.000 денари.

Целта за реализирање на овој проект во кој учествуваа учениците, родителите и наставниците е подигнување на свеста за важноста на животната средина и рециклирањето, како модел за заштита на локалната заедница во која тие живеат и функционираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот