ОН: Околу 400.000 луѓе имаат потреба од помош по вулканската ерупција во Конго

Фото: EPA-EFE/EUGENE UWIMANA

 Околу 400.000 луѓе имаат потреба од помош и заштита, откако избегаа од ерупцијата на вулкан и серија земјотреси кои следеа во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска Обединетите нации.

Најмалку 31 лице загина во саботата кога избувна лава од вулканот Нирагонго кон градот Гома, уништувајќи 3.000 куќи, како и главниот пат за пристап на помош во областа опустошена од конфликти.

Лавата запре недалеку од пристапот кон градот, но илјадници луѓе побегнаа претходно минатиот четврток кога Владата предупреди на опасност од ерупција на еден од најактивните вулкани во светот.

Многумина избегаа во градот Саке, 20 километри северозападно од Гома, каде што постои зголемен ризик од појава на колера, соопшти УНИЦЕФ.

– Со зголемен ризик од појава на колера, ние повикуваме на итна меѓународна помош за да се спречи катастрофа врз децата, истакна претставникот на УНИЦЕФ во Конго, Едуард Бигбедер.

Движењето на лавата создаде пукнатини во земјата и стотици земјотреси, што би можело да предизвика нова ерупција, соопшти Опсерваторијата на вулканот во Гома (ОВГ).

Гома е главен центар за хуманитарна помош во областа каде што со децении траат немири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот