ОН го прогласи 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија

Обединети нации / Фото: Архива

Генералното собрание на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која 27 декември е прогласен за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија, бидејќи ширењето на Ковид-19 покажа недостатоци во предвидувањето на тоа поле.

Во текстот на резолуцијата се повикуваат сите земји-членки, телата на ОН и другите глобални, регионални и субрегионални организации, приватниот сектор, цивилното општество, вклучително и невладините организации „секоја година да го одбележуваат овој ден”.

Во резолуцијата се поттикнуваат 193 земји-членки на ОН да организираат „информативни и активности кои ја подогнуваат подготвеноста со намера да го истакнат значењето на спречување на епидемиите и градење на цврсто партнерство за борба со нив”.

Во документот се бара од Светска здравствена организација, која беше критикувана од САД поради нетранспарентност во борбата со вирусот да придонесе за одбележување на овој ден.

Во пандемијата со новиот коронавирус починаа над 1,53 милиони луѓе во светот, а околу 67 милиони се заразени, а излекувани се над 42,6 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот