
Оливер Стоун на страната на Путин: Ова е хистерија на западните медиуми, треба да се види поширокиот контекст
Трикратниот оскаровец Оливер Стоун во последните години не ги крие симпатиите кон рускиот претседател Владимир Путин.
Препорачано
Американскиот режисер на социјалните мрежи се осврна на војната во Украина и понуди неколку „анализи“ во корист на Русија.

Како што вели 74-годишниот Стоун, треба да се разгледа „поширокиот контекст на руската инвазија на Украина“.
„Среде хистеријата на западните медиуми, обвинувајќи го Путин за крвави убиства и изоставувањето на клучните факти кога не им одговара, најважно е да се разбере целиот спектар на она што се случува и пред сè, да се размисли јасно“, напиша Стоун.
View this post on Instagram
Оскаровецот сподели и неколку линкови за „проучување на историјата“ на односите помеѓу Путин и Украина, односно кои се точните причини за војната.
Оливер сними и документарен филм „The Putin Interviews“ за периодот од јули 2015 до февруари 2017 година, поради што добил дозвола од Путин да ги следи неговите стапки и да снима додека ги извршува своите секојдневни активности.
Повеќе написи на темата:
ФОТО | Прво Хитлер, сега Волдеморт: Путин се појави на графит во Полска
Каде е поранешната сопруга на Владимир Путин: Људмила денес живее многу поразличен живот