Околу нуклеарната централа Запорожје се поставува штит за да се спречат идни инциденти

Запорожје нуклеарна централа EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Се поставува штит над складиштето за искористениот нуклеарен отпад во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина за да се заштити од гранатирање и беспилотни летала, изјави во саботата официјален претставник на Русија, пренесува Ројтерс.

Видео снимката објавена од Владимир Рогов, службеник назначен од Русија во украинската провинција Запорожје, покажува работници како монтираат екран од нешто што изгледа како некаква проѕирна фолија на жици над десетици бетонски цилиндри високи околу 5 метри.

„Засега ќе штити од шрапнели и ИЕД (импровизирани експлозивни направи) фрлени од беспилотни летала. Но подоцна тоа ќе биде значителено важно“, рече тој

Борбите за најголемата нуклеарна централа во Европа во 10-месечниот конфликт ги зголемија стравувањата од можна нуклеарна катастрофа во стилот на Чорнобил.

И Киев и Москва се обвинуваат меѓусебно за непромислено гранатирање на централата, чии шест реактори се исклучени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот