Околу 2,4 милијарди луѓе немаат постојан пристап до храна

Авганистан деца/ Фото: Sanaullah SEIAM / AFP / Profimedia

Околу 2,4 милијарди луѓе немаат постојан пристап до храна, а дури 783 милиони луѓе се соочуваат со глад, се наведува во извештајот на Обединетите нации за состојбата со безбедноста на храната.

Во исто време, околу 148 милиони деца страдаат од застој во развојот.

Извештајот става посебен фокус на Азија, Карибите и Африка, каде 20 отсто од населението ги чувствува ефектите од гладот, што е повеќе од двапати од глобалниот просек.

„Ова е новата нормалност каде климатските промени, конфликтите и економската нестабилност ги туркаат оние кои се на маргините уште подалеку од безбедноста“, рече генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство, Киу Донгју.

Во меѓувреме, пристапот на луѓето до здрава храна, исто така, се влоши ширум светот, при што повеќе од три милијарди луѓе (42 отсто од светската популација) не можат да си дозволат здрава храна во 2021 година, што претставува зголемување за 134 милиони луѓе во споредба со 2019 година.

Последниот извештај покажува дека околу 735 милиони луѓе биле хронично неухранети во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот